Персонализирана поддршка за секое дете.
Го поттикнуваме уникатниот развој на вашето дете со индивидуален пристап, прилагоден на неговите потреби и потенцијали.

Што е APP Tomatis метода?
APP Tomatis е невросензорна метода која користи специјално обработена музика и глас со цел да го стимулира нервниот систем и да ја подобри способноста за слушање, внимание, комуникација и учење.Методата е развиена од францускиот лекар и истражувач д-р Алфред Томатис, кој прв ја истакнал важната поврзаност помеѓу слушањето, јазикот, учењето и целокупниот развој на личноста.За време на програмата, детето слуша специјално обработени аудитивни содржини преку професионална опрема која користи воздушна и коскена проводливост.На овој начин мозокот добива прецизно контролирана аудитивна стимулација која го поттикнува неговиот развој и организација.Tomatis методата не е терапија за учење на зборови или вежбање на одредени вештини. Наместо тоа, таа создава подобри услови нервниот систем поефикасно да ги обработува информациите од околината, што може позитивно да влијае врз вниманието, комуникацијата, емоционалната регулација и способноста за учење.Методата често се применува кај деца кои имаат потешкотии со говорот и јазикот, вниманието и концентрацијата, сензорната обработка, учењето, емоционалната регулација и социјалната комуникација.Се користи и како поддршка кај лица од аутистичниот спектар и други невроразвојни предизвици.Секоја Tomatis програма се планира индивидуално, врз основа на проценка и внимателно следење на потребите на детето. Целта не е да се третира дијагнозата, туку да се поддржи потенцијалот на секое дете и да се создадат подобри услови за негов развој, учење и комуникација.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ TOMATIS?

ЗА ДЕЦА СО:
Развојни доцнења, говорно-јазично доцнење, проблеми со разбирање на говор, мал фонд на зборови, проблеми со фина и груба моторика, рамнотежа и координација, намалена телесна свест и лоша постура, задоцнет социо-емоционален развој.
Предвремени родени деца, тешкотии во сензорната интеграција, дислексија, дискалкулија, проблеми со пишување, концентрација и внимание, анксиозност, хиперактивност, ниска толеранција на фрустрации, недостаток на мотивација, хиперсензитивност.
Деца со Down синдром, West синдром, Prader willi синдром, Angelman синдром, Asperger синдром, Rett синдром, Аутизам, повторувачки однесување, OCD опсесивно компулсивно нарушување

ЗА ВОЗРАСНИ СО:
Хиперакузија, комуникација, психосоматски проблеми, депресија, анксиозност, нарушување на спиењето, потешкотии со релаксација, исцрпеност (burn out), болки во грбот, Мениерова болест, слаба меморија, лоша концентрација, анорексија, булимија, рехабилитација после загуба на слух, тинитус, инсулт, невродегенеративни болести, после треман на хемотерапија.

СПЕЦИЈАЛНИ ПРОГРАМИ:
Учење на нов јазик
Програма за бремени жени
Програма за посвоени деца
Програма за студенти